Дома Актуелно Аспас објасни како го надмудри живиот ѕид на Барса

Аспас објасни како го надмудри живиот ѕид на Барса

Барселона во Виго освои само бод (2:2).

Иако гостите два пати водеа со головите на Суарез, Селта на крајот освои бод и им ги замрси плановите на Каталонците.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со прекрасниот погодок на Јаго Аспас домашниот тим дојде до бод, а голманот на гостите Тер Штеген не се ни помрдна. Како му успеа тоа?

„Со нашите тренери на голманите анализиравме како играчите на Барселона стојат во ѕдиот и знаевме дека скокаат. Поради тоа, видов простор помеѓу Гризман и се обидов таму да ја шутнам топката. На крајот успеа.“ – изјави Аспас после натпреварот.

За Селта овој бод можеби нема многу да значи, но за Барселона двата изгубени би можеле да бидат кобни во трката за титулата. Реал Мадрид утре гостува кај Еспањол и со бод се враќа на првото место на шест кола пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Рагник потврди: Точно е, бев контактиран од Баерн

Toмас Тухел на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен кој е во потрага по негов нас…