Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека од 13 мај, кога со одлука на Владата, повторно се отворија уплатно-исплатните места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница, индустријата функционира непречено, благодарение на почитувањето на протоколите за работа.
„Ние како Асоцијација повеќе од 4 месеци работиме непречено и досега во сите наши објекти целосно функционираат протоколите за работа, донесени од страна на Комисијата за заразни болести. Немаме прекин на работата во ниту еден од објектите на нашите членки заради Ковид-19, што покажува дека и во услови на пандемија, индустријата може да работи, ако доследно се почитува пропишаното. Со оглед на најавите за евентуален есенски бран, апелираме до играчите да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита и да се придржуваат до протоколот според кој работат обложувалниците. Здравјето на нашите вработени и нашите играчи е наш највисок приоритет“ – истакнува Васко Илијевски, претседател на АСОМ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија уште еднаш потсетува на протоколот за работа на уплатно-исплатните места пропишани од Комисијата за заразни болести и обврската на играчите, при посета на обложувалница.
Согласно проколот за работа, во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар.
Играчите задолжително мора да носат заштитна опрема на лице, маска или прекривка, да одржуваат физичко растојание од 2 метри во уплатното место, и да ги користат средствата за дезинфекција на раце, поставени на влезовите од обложувалниците.