Лондонски Арсенал прави се за во своите редови да го доведе 21-годишниот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ.
Напаѓачот на Фиорентина и оваа сезона игра чудесен фудбал и е кошмар за сите одбрани, па не е никакво чудо што за него се заинтересирани бројни европски гиганти. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Влаховиќ веќе одбил една понуда од Арсенал, но тие не се откажуваат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според информациите Арсенал спрема нов феноменален договор според кој Влаховиќ би заработувал 200.000 евра неделно. Тоа е многу поголема сума од онаа која Србинот ја заработува сега во Фиренца.
Во Фиорентина Влаховиќ добива 25.000 евра, но свесни дека не можат да го задржат. Најава за негово заминување е и денешното пристигнување на Криштоф Пјонтек.