Алекс Грималдо веќе некео време е цел на многу европски клубови, поради одличните натпревари во дресот на Бенфика.
Момчето кое потекува од Ла Масија никогаш не доби вистинска шанса во Каталонија, Бенфика го купи и започна да игра одлично, со што јасно е дека подоцна или порано ќе им донесе огромни пари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Често беше поврзуван со Наполи, во неколку наврати изгледаше и дека навистина ќе се пресели на „Сан Паоло“. Сепак, остана во Лисабон, но тоа би можело да се промени наскоро. Го бара Сити, како и Интер, но за сега Атлетико Мадрид и Арсенал се гледаат како најголеми фаворити за неговиот потпис.
Арсенал бара замена за Монреал, искусниот Шпанец најверојатно ќе го напушти „Емирати“ следното лето, додека во Атлетико имаат големи проблеми на позицијата лев бек. Лукас Ернандез е се поблиску до Баерн, додека се поизвесно е дека Филипе Луиз ќе го напушти „Ванда Метрополитано“.
Така двата тима ќе останат без вистинска опција за лев бек во одбраната, Арсенал го има Колашинац, но јасно е дека Емери сака поквалитетна опција, но изгледа дека сонародникот од Бенфика е одличен погодок.