Дома Останати Апсолутен рекордер: Британец на ЗОИ по 518. пат излезе гол на теренот и испрати порака (ФОТО)

Апсолутен рекордер: Британец на ЗОИ по 518. пат излезе гол на теренот и испрати порака (ФОТО)

За време на трката во брзо лизгање на ЗОИ во Пјонгчанг се случи една несекојдневна ситуација.

Во еден момент на стазата се појави Британецот, Марк Робертс, носејќи на себе само розево здолниште и плишан мајмун во пределот на препоните.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, на Британецот ова не му е првпат да се одлучи за ваков потег. Зад себе има историја со влетувањето на спортските терени. Попрецизно, Робертс досега тоа го направил 518 пати, а се започна по едно обложување со пријателите. На широката јавност и стана познат кога во финалето на Супер Боул во 2004. година успеа да влета на теренот пред милионскиот аудиториум.

Сцената беше доста непријатна за сите присутни. Британецот на градите со големи букви имаше испишано „мир + љубов“. Успеа на теренот на мине неколку секунди, а потоа организаторите го спречија во замислата да истрча цел круг.

Роберт со овој потег стана апсолутен победник на ЗОИ. Повторно успеа да го привлече вниманието кон себе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…