Дома Фудбал Останато Импресивно и генијално: Фудбалски терен направен од 50.000 пластични чаши! (ФОТО)

Импресивно и генијално: Фудбалски терен направен од 50.000 пластични чаши! (ФОТО)

Изминатото лето имавме прилика да уживаме во мајсториите на најголемите фудбалски мајстори на планетата, а место на тој настан беше Русија.

Златниот медал го освои селекцијата на Франција која во финалето славеше против Хрватска со 4:2, додека третото место и припадна на селекцијата на Белгија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првенството се играше од 14-ти јуни до 15-ти јули минатата година на 12 стадиони во 11 градови ширум Русија. Во тој период Русија беше преплавена од посетители.

Навивачите зад себе оставија многу пластика, а најмногу разноразни чаши од алкохолни пијалоци. Поради тоа организаторите одлучија малку да се позанимаваат со овој проблем. Во само неколку дена на едно место успеаа да соберат 50.000 пластични чаши и од нив ни помалку ни повеќе направија – фудбалско игралиште!

Околу 2.5 милиони тони пластика е собрано и искористено за изградба на т.н „Будваисер Рекуп Арена“ во Сочи. За работата да биде поинтересна, овој импровизиран терен е направен покрај стадионот во Сочи каде што се играа натпревари од Мундијалот.

Организаторите со изградбата на ваквиот терен имаат за цел да го подигнат нивото на свест кај жителите за одговорно да се однесуваат кон пластиката, но и со другиот отпад. „Будваисер“ беше официјален спонзор на пиво во текот на Светското првенство, а нивниот маркетиншки директор Константин Тамиров е воодушевен од оваа акција.

„Светското првенство е зад нас. Во текот на турнирот компанијата Будваисер се трудеше навивачите во фан зоната да го добијат она што го посакуваат. Ниту после првенството не запревме, па се одлучивме на ваква акција“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, македонскиот „крал на местенките“

На 75-годишна возраст денеска по кусо боледување почина легендарниот Велибор Џаровски R…