Дома Фудбал Италија Анчелоти лично го уверил Малдини дека Реал нема да тргне по Леао

Анчелоти лично го уверил Малдини дека Реал нема да тргне по Леао

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини се долгогодишни пријатели и деновиве имале телефонски разговор.

Станало збор за португалската ѕвезда на „росонерите“ Рафаел Леао, кој беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Анчелоти го уверил Малдини дека „кралевите“ не се заинтересирани за Рафаел Леао и легендата на седумкратниот европски клупски шампион може да биде спокоен.

Анчелоти е поранешен фудбалер и поранешен тренер на гигантот од Милано, а тој и Малдини се долгогодишни пријатели.

Милан сака да го задржи Леао, иако интересот за него е огромен, и веќе започал преговори за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Серена за Волтемаде: Не е брз, но му одговара на стилот на Спалети

Алдо Серена смета дека Ник Волтемаде има квалитет да се вклопи во играта на Јувентус, иако…