Дома Фудбал Италија Анчелоти за трансферот на Роналдо: Направи само една грешка

Анчелоти за трансферот на Роналдо: Направи само една грешка

Карло Анчелоти ова лето го превзема Наполи и во главно може да биде задоволен од тоа како игра неговиот тим кој е на минус четири од лидерот и бранителот на Скудетото, Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанецот сега имаше интервју за реномираниот „Франс Фудбал“ во кое истакна задоволство од досегашното поминато време во клубот од Неапол, а неизбежно беше и прашањето за најголемиот трансфер ова лето – преминувањето на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.

Анчелоти е задоволен што Роналдо настапува во Серија А, но сепак жали што не е дел од неговиот тим.

„Доаѓањето на Роналдо е одлично за имиџот на Серија А. Во Италија во минатото играа фудбалери како Марадона, Платини, Роналдо, Шевченко, Кака...Но, таков не беше случајот во последните 10 години и најмногу поради тоа Роналдо е полн погодок. Единствена грешка е што го избра Јувентус“, изјави Анчелоти.

Ќе потсетиме, Роналдо вечерва со Јувентус во рамките од Лигата на шампионите гостува кај Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вакво нешто не се памети: Перез и УЕФА заговараат револуција во фудбалскиот свет

Во фудбалската јавност се појави нова идеја која може целосно да го промени начинот на кој…