Карло Анчелоти има мета од редовите на Јувентус.
„Франс Фудбал“ објави дека Евертон е заинтересиран да го доведе играчот за врска на Јувентус, Адриен Рабио. Играчот за врска во Јувентус има важна улога откако пристигна Андреа Пирло и Рабио изгледа ќе биде тешка задача за „карамелите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анчелоти разговарал со управата на „карамелите“ и им порачал дека мораат да издвојат повеќе од 30 милиони евра за да го убедат Јувентус да го пушти Рабио.
Рабио соработуваше со Италијанецот во Пари Сен Жермен и токму под негово водство дебитираше во клубот од Париз на 17 години.