Дома Фудбал Лига на шампиони Анелка: Ваков ПСЖ нема да стигне далеку во Лигата на шампионите

Анелка: Ваков ПСЖ нема да стигне далеку во Лигата на шампионите

Нерешениот резултат на ПСЖ против Клуб Бриж предизвика голем број реакции во фудбалскиот свет, посебно затоа што од првата минута настапија, Меси, Нејмар и Мбапе.

Со ова трио многумина очекуваа повеќе голови во мрежата на Клуб Бриж, но тоа не се случи, па Бриж освои голем бод (1:1).


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Играта на ПСЖ ја критикуваше и поранешниот француски напаѓач Николас Анелка.

„Ова беше ПСЖ каков што не сакаме да го гледаме. Можеби беше добро само првите 15 минути, потоа се беше лошо. Немаше никаков интезитет во играта, слабо игравме во одбраната и без идеја во нападот. Не видовме ништо во офанзивната, ако не се смени нешто нема да стигнат далеку во ЛШ“, изјави Анелка.

Мајкл Овен пак изјави дека за него ПСЖ не е фаворит во ЛШ. Неговата изјава можете да ја прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Коло Муани: Мбапе не гледа ништо поради маската

Напаѓачот на Франција, Рандал Коло Муани застана во одбрана на Мбапе и изјави дека воопшто…