Во неделата на 4-ти јули во Скопје се одржа Националното првенство на Македонија во полумаратон, како дел од календарот на Атлетска Федерација на Македонија.
И оваа година победници на полумаратон во Националното државно првенство на Македонија се Андријана Поп Арсова (АК Делта) кај дамите и Дарио Ивановски (АК Делта) во машка конкуренција.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Првите три места во женска конкуренција ги освоија членовите на АК Делта. Андријана Поп Арсова заврши прва на целта со време од 1:29.00, зад неа беше Миљана Ристиќ со време од 1:35.30, додека на третото место и припадна на Маја Рајчина 1:37.22.
Женска конкуренција
1. Андријана Поп Арсова (АК Делта) 1:29.00
2. Миљана Ристиќ (АК Делта) 1:35.30
3. Маја Рајчина (АК Делта) 1:37.22

Во машка конкуренција победникот, Дарио Ивановски (АК Делта), полумаратонот го заврши со време од 1:11.41. Второто место му припадна на неговиот клупски колега, Атанас Анчевски (АК Делта), тој оствари време од 1:13.12. Кокан Ајановски од NRC – NIKE + RUN CLUB SKOPJE го освои третото место 1:17.09.
Машка конкуренција
1. Дарио Ивановски (АК Делта) 1:11.41
2. Атанас Анчевски (АК Делта) 1:13.12
3. Кокан Ајановски (NRC – NIKE + RUN CLUB SKOPJE) 1:17.09
