Поранешниот младински репрезентативец, Андреј Лазаров го напушта Тиквеш за да се пресели во Хрватска во редовите на Рудеш.
Трансферот на младиот фудбалер го потврди Тиквеш на социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Како клуб кој ги афирмира и едуцира младите фудбалери во професионалци, чест ни е да ја објавиме веста дека досегашниот наш фудбалер Лазаров Андреј , потпиша договор со новиот прволигашот “Рудеш” од Хрватска, клуб во кој играл и Роберт Просинечки.
Му се заблагодаруваме за двегодишниот ангажман на Андреј и му посакуваме успешна сезона! ГФК “ТИКВЕШ 1930” и во иднина ќе биде отскочна даска за сите млади талентирани фудбалери…“, стои во соопштението.
Фото: ГФК Тиквеш