Италијанскиот второлигаш Сампдорија го отпушти Андреа Пирло (45) како тренер на првиот тим по само три натпревари во новата сезона.
Сампдорија започна нов обид да се врати во друштвото на најдобрите со еден освоен бод во првите три кола, што беше доволно клупското раководство да му се заблагодари на Пирло за соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пирло ја водеше Сампдорија во текот на целата минатата сезона и не успеа да го врати тимот од Џенова во Серија А.
По лигашкиот дел од натпреварувањето, Сампдорија беше седма, а потоа беше елиминирана веднаш во првата рунда од плеј-офот за пласман во првата лига.
Одличниот играч кој со Италија во 2006 година ја освои светската шампионска титула, а со Милан и Јувентус шест шампионски титули на Италија, досега не се покажал во својата тренерска кариера.
Ова му беше трета работа како главен тренер, а во ниту една од нив никогаш не остана подолго од една година. По неуспешните епизоди на клупата на Јувентус во сезоната 2020/21. и турскиот Фатих Карагумрук во сезоната 2022/23 стигна и неуспех со Сампдорија.