Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала.
Вчера на меѓународен атлетски митинг под капата на Светска Атлетика во Архус (Данска) нашиот Андреас Трајковски го собори македонскиот рекорд во скок во далечина во сала со резултат 7.67 метри со што го освои 2-то место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходниот македонски рекорд во сала изнесуваше 7.65 сантиметри, во сопственост исто на Андреас поставен во 2022 година.
Инаку македонскиот рекорд на отворено во скок во далечина, кој исто е во сопственост на Андреас изнесува 7.91 метар.