Дома Македонски спорт Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина!

Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина!

Андреас Трајковски, член на АК Работнички и репрезентативец на Македонија, вчера на меѓународен атлетски митинг во Лимасол (Кипар) го собори македонскиот рекорд во скок во далечина на отворено со резултат од 7 метри и 41 сантиметар.

Досегашниот Македонски рекорд на отворено во скок во далечина изнесуваше 7 метри и 15 сантиметри, кој беше во сопственост на тројца атлетичари, Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски. Андреас со овој скок го освои 5-то место на митингот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прв беше Олимпискиот шампион и Светски првак во сала Милтиадис Тентоглу од Грција со скок од 8 метри и 28 сантиметри, втор беше Рејнод Баниго од Велика Британија со 8.04 метри, додека третото место му припадна на Мохамад Амин Алсалами од Сирија со скок од 7.56 метри.

Ова беше прв натпревар за Андреас сезонава на отворено во скок во далечина, а веќе следната недела го очекува нов настап на меѓународна сцена, на атлетски митинг во Солун (Грција).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…