Арсенал во зимскиот трансфер период ќе го продаде Алексис Санчез, кој не планира да го продолжи договорот со „Топчиите“.
Откако клубот од северен Лондон минатото лето ја одби понудата на Манчестер Сити од 60 милиони фунти за чилеанскиот репрезентативец, оваа зима се подготвени да го продадат за доста помала сума, за на лето да не си замине сосема бесплатно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми денеска објавија дека управата на Арсенал е подготвена да ја прифати понудата од било кој тим во износ од 2 милиони фунти. Наводно, 29-годишниот крилен напаѓач има желба повторно да соработува со Пеп Гвардиола, под чие водство играше во дресот на Барселона, од каде што пристигна на „Емирати“ во летото 2014. година за 43 милиони евра.
Покрај Манчестер Сити, за неговите услуги интерес покажаа и ПСЖ, како и германскиот шампион, Баерн Минхен. Сепак, во Арсенал веќе ја пронајдоја замената доколку си замине, а станува збор за крилниот играч на ПСЖ, Јулијан Дракслер, кој не е среќен на „Паркот на Принцовите“ поради малата минутажа.