Дома Фудбал Англија Англиската легенда: Кепа направи будала од Сари пред милиони луѓе

Англиската легенда: Кепа направи будала од Сари пред милиони луѓе

Легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер даде свој коментар за случајот „Кепа“.

На таа тема веројатно многу прочитавте до сега, а за потегот на Кеп денес се зборува ширум светот, посебно така е во Англија. Некои не можат да сфатат зошто доби да излезе од игра, а легендарниот Алан Ширер верува дека оваа ситуација Сари скапо може да ја плати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Станува збор за почит. Кепа направи будала од својот менаџер пред милион луѓе и тоа во моментите кога Сари беше под голем притисок и на работ да ја изгуби работата. Овој инцидент Сари може да го плати со работата. Во тој момент кога Кепа одбиваше да излезе требаше да влезе на теренот и да го исфрли“.

„Играчот одбива да излезе од игра, па што тоа зборува Челзи!? Значи, внимавајте, играч одби повик на менаџер пред 90.000 луѓе на „Вембли“ и пред милионски аудиториум пред ТВ екраните. Навистина смешна и непријатна ситуација“, тврди Ширер.

Ќе потсетиме, Баскиецот после скандалозната ситуација се огласи со соопштение преку друштвените мрежи.

„Како прво би сакал да кажам дека жалам за начинот на кој натпреварот се заврши. Не ми беше намера да одбијам било каква одлука на тренерот. Мислам дека во прашање беше недоразбирање. Тренерот мислеше дека не сум во состојба да го продолжам натпреварот, а мојата намера беше да му објаснам дека сум во состојба да помогнам да на тимот. Недоразбирањето траеше додека докторите кои ми помогнаа не отидоа до клупата тоа да му го пренесат на нашиот тренер. Имам голема почит кон Сари и неговиот авторитет“, гласеше соопштението на Кепа.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…