Во рамките од 13 коло во групата „А“ од ракометната Лига на шампионите Еурофарм Пелистер ќе го пречека данскиот Алборг.
Тренерот Ангеловски се надева дека конечно неговите ракометари ќе им донесат радост на верните навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Обврска ни е на последниот домашен натпревар да покажеме најдобра игра против еден од можеби најдобрите екипи во нашата група. Тоа е наша желба, да ги израдуваме нашите навивачи, градот. Играме против екипа која доаѓа од еден европски, светски и олимписки шампион, со такви ѕвезди како Ландин, Хансен, и нови ѕвезди кои се во надоаѓање. Мислам дека навистина ќе треба да уживаме во овој меч, да дадеме се од себе“, изјави Ангеловски.
„Со мисла дека можеме и во иднина да бидеме дел од ова елитно натпреварување и со уште поголеми амбиции, се надевам наредна година со „вајлд-карта“. Ќе се бориме 60 минути да извлечеме што поповолен резултат“, додаде тренерот на Еурофарм Пелистер.