Македонија денес одигра 3:3 против Естонија во рамките од новото издание на Лигата на Нации.
Ангеловски се реши овој натпревар да го започне без голем број стандардни првотимци, па Естонија тоа го искористи и во еден момент од натпреварот водеше 3:1. Сепак со измените успеавме да стигнеме до бод.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот не е задоволен од овој бод.
„Разочаран сум од бодот. Со нашиот квалитет моравме да победиме, но честитки до Естонија која погоди три пати. Ние имавме шанса кога се вративме на 3-3, но заврши натпреварот. Играчите беа дел од натреварот со Косово, сакав да им дадам можност, со цел да одморам дел од главните играчи во тимот. Мечот со Косово беше многу важен, па затоа им дадов шанса на останатите играчи. Мое е да им понудам игра, а нивно е дали ќе ја искористат.
Натпреварот имаше убав ритам со шесте голови. Жал ми е што примивме три гола, промашивме пенал, двата тима играа одлично, а особено Македонија во финишот од средбата. Задоволен сум од последните 30 минути од натпреварот, успеавме да избегмене пораз, ама јас не сум задоволен. Со оглед на резултатот на Грузија и Ерменија, ќе бевме многу поблизу до првото место во групата. Сепак, има уште три натпревари до крајот и ќе дадеме се од себе да стигнеме до првото место“, изјави Ангеловски на прес-конференцијата по натпреварот.