Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски денеска го одржа првиот тренинг со повиканите фудбалери за бараж дуелот со Косово.
Ангеловски не криеше дека е среќен поради доаѓањето на Пандев и покрај околностите и порача дека Македонија одби на победа со која ќе ја израдува нацијата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пред нас е натпревар кој може многу да ни донесе и да не доближи до ЕП. Јас се надевам дека тоа ќе биде Макеоднија. Македонија 30 години чека да дојде до бараж и еве ние сме во таа ситуација да го обезбедиме историскиот прв настап за Македонија на ЕП“, порача Ангеловски.
„Ме радува тоа што сите што се повикани се здрави и подготвени за големиот предизвик. За жал, Елмас нема да биде со нас, но тие што се тука, ќе го надополнат неговото отсуство. Секогаш велев дека тимот треба да го надокнади секое отсуство, па сега треба да имаме мотив плус и да победиме за него на овој натпревар, да направиме да биде со нас во финалето во баражот“.
„Доаѓањето на Пандев, после ситуацијата во која се најде неговиот клуб Џенова е доказ колку му значи овој меч. Ова беше доказ дека за Пандев нема бариера која може да го спречи да игра. Благодарност до сите што помогнаа и асистираа за тој да биде тука со нас и сите знаеме колкаво е значењето и неговото присуство за оваа селекција“, заклучи селекторот.