Вардар денес одигра одличен натпревар и го победија Мотор со 38:28.
После натпреварот тренерот Стевче Алушовски беше презадоволен од она што го прикажаа неговите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да им честитам на момците. Јас бев во Вардар 10 години како играч и никогаш Вардар не бил во полоша ситуација од оваа сега кога е иднината во прашања. Јас сум горд што имам прилика да работам што вакви момци кои заслужуваат голема почит за се што прават за клубот и Македонија, тие се национални херои.“
„Играчите се свесни во каква ситуација е во клубот, тренираат напорно и спремни се да одговорат на сите задачи и покрај проблемите. Играчите прават Вардар да биде еден феномен“.
„Двата натпревари кои следат ќе бидат тешки. Ростерот е лимитиран, треба да се патува, треба да се игра. Ќе направиме се за да го освоиме тоа петто место кое би ни донело полесен противник“, изјави Алушовски.
Ваедар со денешната победа го обезбеди пласманот во елиминационата фаза, а до крајот во групната фаза ќе се обиде да дојде до подобра позиција.