Дома Останати Тенис Алкараз го победи Циципас и закажа полуфинале со Синер

Алкараз го победи Циципас и закажа полуфинале со Синер

Третиот тенисер во светот Карлос Алкараз го совлада Стефанос Циципас со 3:0 (6:3, 7:6, 6:4) и се пласираше во полуфиналето на „Ролан Гарос“. Ова беше шеста средба меѓу Шпанецот и Гркот, а Алкараз до сега беше поуспешен на сите.

Рутински Алкараз го доби Циципас, победата никогаш не беше доведена во прашање, а во борбата за финалето на вториот Грен слем сезонава ќе се бори против Јаник Синер, новиот крал на светскиот тенис.

Минатата година Италијанецот и Шпанецот играа во четврт-финалето во Париз, а третиот тенисер во светот рутински победи со 3:0. Ова ќе биде „финале пред финалето“, а по откажувањето на Новак Ѓоковиќ, победникот од овој меч се очекува да биде првиот фаворит за титулата.

Вториот полуфинален пар кај мажите ќе се дознае в среда, подобриот од мечот меѓу Александер Зверев и Алекс Де Минор ќе игра против Каспер Руд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…