Дома Фудбал Англија Алисон се огласи после вчерашната повреда

Алисон се огласи после вчерашната повреда

Во првото коло од новата сезона во Премиер лигата вчера Ливерпул на „Енфилд“ го совлада Норвич со 4:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ полесно од очекуваното стигнаа до победа против „канаринците“, но навивачите не беа среќни после натпреварот. Имено, кон средината на првото полувреме од игра мораше да излезе голманот Алисон кој се повреди.

Алисон заработи повреда при исфрлувањето на топката и веднаш побара лекарска помош.

Откако бразилскиот голман остана да лежи на теренот настана молк на целиот стадион бидејќи стана јасно дека Aлисон нема да може да го продолжи натпреварот.

После големата поддршка која ја доби, Алисон се огласи преку друштвените мрежи.

„Ви благодарам за пораките на поддршка. Ќе се вратам што побрзо и посилен од било кога“, порача Алисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…