Дома Македонски спорт Алиоски: Во животот ништо не е случајно, сакаме повторно да испишеме историја!

Алиоски: Во животот ништо не е случајно, сакаме повторно да испишеме историја!

Македонската фудбалска репрезентација во недела ќе игра натпревар за бараж за Светското првенство и тоа сигурно ќе биде еден од нашите најважни натпревари во историјата.

Баражот сигурно нема да биде лесен, но најважно е Македонија да го обезбеди и за првпат да дојдеме во ситуација да играме за Мундијал. Еден од нашите најважни фудбалери, Езгјан Алиоски порачува дека сака одново Македонија да испише историја.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во животот нема ништо случајно. Овој резултат е плод на нашата работа. Се гледа квалитетот на екипата, на фудбалерите кои играа и на младинско и на сениорско Европско првенство. Јас сум оптимист. Тоа што го покажавме против Ерменија да го направиме и против Исланд. Сакаме повторно да испишеме историја“, изјави Алиоски.

Натпреварот против Исланд го играме в недела од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…