Легендата на италијанскиот фудбал, Алесандро Неста е нов тренер на Реџана која се избори за промоција во Серија Б и следната сезона ќе биде дел од второлигашката конкуренција во Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Така поранешниот фудбалер на Милан по две години пауза се враќа на тренерската работа, а договоорт со Реџана има важност на една година.
„По работата во Фросиноне седев дома и добив повици, но не се вратив на тренерската работа. Но, овој предлог од Реџана беше навистина интересен, станува збор за клуб со голема историја. Ова за мене беше одлична можност и не смеев да ја пропуштам.
Ми недостига адреналинот и силната конкуренција. Реџо Емилија е област која ја запознав благодарение на Карло Анчелоти. Со него како играч соработував долги години и најважната лекција која ја научив е дека секогаш треба да бидеш свој“, истакна Неста на претставувањето.
OFICIAL | Alessandro Nesta é o novo treinador do Reggiana. pic.twitter.com/UMZSjkPl8A
— Cabine Desportiva (@CabineSport) June 15, 2023