Според информациите на српски „Информер“ легендата на српскиот фудбал, Александар Коларов ќе стане селектор.
Наводно, Коларов е блиску да ја преземе функцијата селектор на репрезентацијата до 21 година која ја води Љубинко Дурловиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По завршувањето на професионалната кариера, Коларов се уште не работел како тренер, па клупата на „орлите“ би бил негов прв ангажман.
ФСС се надева дека Србија ќе биде домаќин на младинското Европско првенство во 2027 година, а поранешниот играч на Лацио, Рома, Манчестер Сити и Интер ќе има задача да ја подготви генерацијата играчи родени 2004 година и подоцна за добар резултат на домашен терен.