Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е загрижен за летната селекција, тврди „Кориере дело спорт“.
Во оваа фаза само Пол Погба изгледа како сигурно ново засилување, а многу играчи си заминуваат и се уште нe се знае како ќе бидат заменети.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Си заминуваат Џорџо Киелини, Пауло Дибала, Федерико Бернардески и најверојатно Алваро Мората.
Јувентус подготовките за новата сезона ќе ги започне на 4 јули и најверојатно нема да бидат обезбедени засилувања во три недели до тој датум. Ситуацијата може да ја искомплицира и тоа што иднината на Матијас Де Лихт е неизвесна.
Алегри побара од управата да го забрза процесот на селекција и да почне поконкретно да настапува на трансфер пазарот.
#Juventus, #Allegri perplesso: il mercato non decolla, a parte #Pogba ancora troppi punti interrogativi#calciomercatohttps://t.co/u7Oklargha
— calciomercato.it (@calciomercatoit) June 16, 2022