Непријатна ситуација се случи во Аугсбург, односно во хотелот „Максимилијан“ во кој се сместени српските репрезентативци.
Како што објавија српските медиуми, албанските навивачи влегле во хотелот со намера да испровоцираат на кого ќе наидат од делегацијата која отпатува од Белград на Европското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тројца мажи неовластено се обиделе да влезат во забранетата зона на хотелот каде се наоѓаат српските фудбалери, но веднаш реагирала српската полиција која е задолжена да ги обезбедува фудбалерите.
Имено, тие се возеле низ хотелот, пуштале гласна музика, покажале двоглав орел и викале на цел глас. Така се обиделе да ги испровоцираат српските фудбалери и делегацијата во Аугсбург.