Ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба не ја исклучи можноста да заигра за друг клуб, со оглед на фактот дека неговиот договор со Баварците истекува во 2021 година.
Алаба на лето ќе влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување, а Австриецот е на радарот на Барселона и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се чувствувам многу конфорно и среќно во Минхен. Во моментов не размислувам за преселба во друг клуб. Меѓутоа, во блиска иднина тоа може да се случи, не исклучувам ништо“, истакна Алаба
„Јас секогаш си поставувам нови цели и не планирам за далечна иднина. Се разбира дека мојот сон и оваа сезона е да ја освоиме Лигата на шампиони. Во Баерн секогаш треба да си амбициозен и гладен за победи за да запишуваш успеси секоја година“, додаде Алаба.
David Alaba is uncertain to extend his contract at Bayern. Real Madrid and Barcelona are interested in the Austrian. For Alaba, this summer would be the chance to play for another top club [@SPORTBILD] pic.twitter.com/Hi6z0dWQ28
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 18, 2020