Изминатиот викенд (10-11.06.2023) на арената “Тоше Проески” во Скопје се одржа најконкурентниот атлетски натпревар во годината – купот за сениори / ки, каде учество земаа 15 клубови од целата држава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во севкупен пласман со освоени 1342 бодови триумфираше атлетскиот клуб Делта од Скопје, второпласиран заврши АК Куманово со освоени 892 бодови и третото место им припадна на АК Центар од Скопје со освоени 592 бодови.
Во машка конкуренција пласманот беше следен:
1. АК Делта
2. АК Куманово
3. АК Работнички
Женска конкуренција:
1. АК Куманово
2. АК Делта
3. АК Центар
Во одлична атмосфера и возбудливи трки беа постигнати 3 национални рекорди на Македонија , сите од атлетичарите на Делта:
-Михаил Петров рекорд на 400м за млади младинци – 50.21
-Штафета 4×100м – 43.78 младински и сениорски клубски рекорд
-Штафета 4×400м – 3:29.28 младински клубски и репрезентативен рекорд