Дома Фудбал Англија „Ако Барса или Реал дојдат по Ван Дајк, тешко ќе им каже НЕ“

„Ако Барса или Реал дојдат по Ван Дајк, тешко ќе им каже НЕ“

Легендарниот Пол Инс смета дека Ливерпул тешко ќе може да го задржи Вирџил ван Дајк доколку по неговиот потпис тргнат Реал Мадрид или Барселона.

Инс го посочи примерот на Филипе Кутињо, кој блескаше во Ливерпул и за рекорден трансфер се пресели во Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ван Дајк се етаблираше во најдобар дефанзивец во светот и беше кандидат за „Златна топка“, а Ливерпул сигурно ќе направи се за да го задржи во своите редови.

„Она што го прави Ливерпул сезонава е фантастично, но големите клубови треба да освојуваат трофеи од сезона во сезона. Големи се шансите Ливерпул сезонава тоа да го стори, но ќе може да им се суди за неколку години, дали ќе задржат континуитет“, снета Инс.

„Прашањето е сега колку ќе напредуваат во иднина. Во фудбалот брзо се менуваат работите. Ливерпул по секоја цена треба да го задржи овој тим, но ќе видиме што ќе се случува. Доколку Барселона или Реал решат да тргнат по Ван Дајк, ќе биде тешко да им се каже не. Клоп ќе мора да се соочи со такви моменти“, додаде Инс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…