Дома Фудбал Останато Ако Арсенал игра финале во Лига Европа сигурно нема да може да смета на Михтаријан

Ако Арсенал игра финале во Лига Европа сигурно нема да може да смета на Михтаријан

mihtarijan

Вчера во Монако беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на Европа во која сигурно не очекуваат многу возбудувања.

Оваа сезона во Лигата на Европа ќе играат неколку европски гиганти, а еден од нив е и Арсенал. Лондонскиот клуб се наоѓа во групата Е од која за пласман во следната фаза ќе се бори Спортинг, Карабах и Ворскла. Овој ждреб веројатно најмногу не му се допадна на Хенрик Михтаријан.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Имено, Михтаријан уште сега знае дека нема да може да игра на гостински теренеб против Карабах бидејќи како државјанин на Ерменија нема право на влез во Азербејџан. Поради овој проблем фудбалерот пред неколку години го пропушти натпреварот против Габала додека го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Односите помеѓу Ерменија и Азербејџан кои се соседи е посебно лош, а веќе со години Ерменците немаат право на влез во соседната земја.

Тоа не е единствен проблем за играчот на клубот од Лондон. Доколку Арсенал се избори за финале во Лигата на Европа, не ќе може да смета на Михтаријан бидејќи финалето се игра во Баку, главниот град на Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

После 13 години си заминува креаторот на најголемите успеси на Сити

Чики Бегиристаин, спортскиот директор на Манчестер Сити кој е архитект на сите најголеми у…