Дома Фудбал Останато Агентот на Бејл ја објасни контроверзната прослава со приоритетите на Велшанецот

Агентот на Бејл ја објасни контроверзната прослава со приоритетите на Велшанецот

Ситуацијата со прославата на Бејл на пласманот на Велс на Европското со знамето на кои беа наведени неговите приоритети (Велс.Голф.Мадрид) крена голема прашина во медиумите.

Навивачите кои и онака не му беа наклонети сега порачуваат дека Бејл веднаш треба да биде отстранет од тимот. Истото мислење го имаат и луѓето во еден од најпознатите шпански медиуми „Марка“. „Марка“ на ист начин му одговори со насловна страна на која пишувашез: Без почит. Погрешен.Неблагодарен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега во медиумите се огласи агентот на Бејл, Џонатан Барнет кој не гледа нешто драматично.

„Реакциите на прославата на Герет се смешни. Тој никого не сакаше да провоцира, го направи тоа поради медиумите. Ние воопшто не сме загрижени“, изјави Барнет за „ЕСПН“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мајката на Рабио избувна: Раководството на Марсеј е некомпетентно и намерно сака да се ослободи од Адриен

Мајката и агент на Адриен Рабио – Вероник, упати жестока тирада кон Марсеј по одлука…