Милан вчера изгуби од Торино со 2:1 и тоа му беше веќе трети пораз во петтото коло од Серија А, но Марко Џампаоло гледа и позитивни работи.
И покрај големата криза на „росонерите“, Џампаоло пронајде начин да биде задоволен изјавувајќи дека ова бил најдобриот натпревар на Милан сезонава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го контролиравме натпреварот, но не успеавме да ја завршиме работата на време. За четири минути Торино успеа се да промени. Имавме подоцна шанси повторно да постигнеме гол. Имаше грешки, но ова е најдоброто издание на Милан оваа сезона бидејќи долго доминиравме. Јасно дека поразот како пораз не е добар, меѓутоа имаше добри работи“.
„Тимот напорно работи и кога во таква ситуација нема да има резултат е навистина разочарувачки. Поразот е незаслужен и очигледно го успорува нашиот процес на раст, нашата самодоверба, но како што кажав видов и добри работи, ќе продолжиме да работиме“, порача Џампаоло.