Дома Фудбал Лига на шампиони Ќе можат ли Вернер и Зијеш да играат за Челзи во завршницата од ЛШ? УЕФА го даде одговорот

Ќе можат ли Вернер и Зијеш да играат за Челзи во завршницата од ЛШ? УЕФА го даде одговорот

Челзи денес го потврди трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг, а од неколку месеци „сините“ го обезбедија и Хаким Зијеш.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Вернер Челзи ќе плати 65 милиони евра, додека за Зијеш 40. Прашањето кое по потврдата на денешниот трансфер на Вернер си го поставуваа навивачите е – Ќе може ли Челзи да ги користи во Лигата на шампионите? Како што е познато најелитното европско натпреварување поради пандемијата ќе се заврши во август.

Одговорот нема да им се допадне на „сините“. Вернер и Зијеш нема да можат да играат за Челзи во завршницата од ЛШ. УЕФА одлучи играчите кои ќе направат трансфер во летниот преоден рок да не можат да играат во Европа за друг клуб.

Клубовите имаат дозвола да променат тројца играчи во списокот, но тоа мораа да бидат играчи кои биле во клубот и кога сезонава последен пат се играа натпревари во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Легенда на светскиот фудбал откри дека има рак

Една од најголемите легенди на светскиот фудбал и човек чие име е засекогаш поврзано со Ли…