Дома Трансфер зона Ќе добие ли Гвардиола уште едно засилување од 100 милиони фунти?

Ќе добие ли Гвардиола уште едно засилување од 100 милиони фунти?

Според последните информации од Островот, Манчестер Сити влегол во трката за Даклан Рајс.

Имено, како што пренесуваат англиските медиуми, „граѓаните“ се спремни да испратат понуда од 100 милиони фунти и изгледа дека за таа сума Вест Хем е спремен да го продаде својот капитен. Освојувачот на Конференциската лига веќе потврди дека Рајс сака нов предизвик, но се уште не е познато каде ќе продолжи.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Арсенал подолго време се обидува да го доведе, а последната понуда која беше испратена изнесуваше околу 90 милиони фунти, беше одбиена.

Сити сака да го доведе англискиот репрезентативец како замена за Илкај Гундоган кој избра кариерата да ја продолжи во Барселона. Арсенал не сака да се откаже и се шпекулира дека му нуди поголема плата од онаа во Сити.

Третиот клуб заинтересиран за Рајс е Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ не се спремни да одат толку далеку и приоритет за тимот на Тен Хаг е засилување во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ја постави цената на Алфонсо Дејвис

Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го н…