Дома Трансфер зона Ќе го врати ли Мурињо фудбалерот кој „растури“ во Шпанија?

Ќе го врати ли Мурињо фудбалерот кој „растури“ во Шпанија?

Жозе Мурињо наводно размислува да го врати од позајмица фудбалерот кој импресионираше во досегашниот дел од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Андреас Переира игра одлично во досегашниот дел од сезоната со екипата на Валенсија.

Валенсија одлично ја стартуваше сезоната во шпанија, а Переира кој тука настапува како позајмен фудбалер од Јунајтед е еден од најдобрите фудбалери на овој клуб. Тој постигна само еден погодок, сепак неговата игра во поле навистина воодушевува.

Перира беше одличен и на припремите, но Мурињо одлучи дека за негоа е најдобро да пронајде нов клуб каде што оваа сезона ќе може да се докаже како фудбалер.

„Кога потпишував, знаев дека постои можност да се вратам во секој момент. Сепак јас сум мирен, фокусиран сум на Валенсија. Барем до овој момент никој од Манчестер не ме побара. Јас сум среќен тука и конечно чуствувам дека можам да го покажам мојот полн потенцијал“, изјави Переира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…