Дома Трансфер зона Ќе видиме ли пресврт во ситуацијата со Лука Јовиќ?

Ќе видиме ли пресврт во ситуацијата со Лука Јовиќ?

Двата гола на Лука Јовиќ во претсезоната и „деветката“ се можеби најава дека ќе има пресврт со неговата ситуација во Милан, а тука е и последната изјава на тренерот Фонеска која е во таа насока.

Милан го освои „Купот Силвио Берлускони“, а Јовиќ беше стрелец во победата од 3:1 над Монца. Претходно на американската турнеја постигна гол и против Барселона, па по натпреварот логично прашање за Пауло Фонсека беше дали неговата одлука е Јовиќ да го наследи дресот со број 9.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Искрено, не го познавав доволно Јовиќ, но тој ме изненади во текот на претходните недели. Тој е играч кој може многу да му помогне на тимот со своето чувство во шеснаесетникот. Од она што го видов на тренинг, можам да кажам дека многу ми се допаѓа.“ рече Фонсека.

Ова би можело да биде јасен показател дека Јовиќ ќе остане во Милано,.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…