Дома Останати Кошарка Јокиќ за Дончиќ: Лука е неверојатен кошаркар, трејдот го повреди

Јокиќ за Дончиќ: Лука е неверојатен кошаркар, трејдот го повреди

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ зборуваше за неговиот добар пријател Лука Дончиќ пред Ол-стар викендот во Сан Франциско.

Трикратниот МВП во најсилната лига во светот е исклучително близок со Словенецот, па не е чудно што му поставија прашање за неговата моментална ситуација и преселбата во Лос Анџелес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сметам дека двата тима се победници во таа размена, но Лука е играч каков што ретко се среќава, генерациски талент. Не велам дека Ентони Дејвис не е таков, меѓутоа, Дончиќ е кошаркар каков што досега не сме виделе. Неговото влијание врз играта е огромно. Градел нешто во Далас, мислам дека тоа го повреди. Самата размена не е премногу голема работа, но кога ќе се случи на таков начин, тогаш сè добива болни спомени. Можеби играчите почнуваат да го сфаќаат тоа лично“, посочи Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брутален трипл-дабл на Јокиќ: Денвер ја прекина црната серија ВИДЕО

Кошаркарите на Денвер победија како гости во Чикаго (136:120), во натпревар од НБА лигата.…