Дома Фудбал Салах под знак прашалник за Ливерпул по смртта на неговиот дедо

Салах под знак прашалник за Ливерпул по смртта на неговиот дедо

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ја доживува семејната трагедија по смртта на неговиот дедо, Ахмед Абдел Азис Ал Бамби. Веста беше потврдена утрово од неговата сестра Рабаб преку објава на социјалните мрежи.

„Ние му припаѓаме на Алах и кај Него ќе се вратиме. Мојот сакан и дорог дедо почина. Нека Алах има милост за него, нека му прости и нека го постави во рајот“, напиша Рабаб на Фејсбук.

Според египетските медиуми, погребните церемонii се подготвуваат во Нагриг, родниот град на Салах.

Засега не е јасно дали египетскиот репрезентативец ќе отпатува во својата земја за да присуствува. Следниот натпревар на тимот е во среда – гостување кај Сандерленд, по кое следи домаќинство на Брајтон во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фил Невил со пофалби за Челси: „Конечно ја погодија формулата“

Поранешниот англиски репрезентативец Фил Невил смета дека Челси конечно го направил вистин…