Дома Фудбал Фудбалер во Бугарија заврши во притвор – возел со 2.32 промили алкохол!

Фудбалер во Бугарија заврши во притвор – возел со 2.32 промили алкохол!

Изненадувачки вести доаѓаат од Бугарија – фудбалерот на ЦСКА Софија, Давид Пастор, е уапсен откако бил запрен со 2.32 промили алкохол..

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инцидентот се случил на булеварот Симеоновско шосе во јужниот дел на главниот град на Бугарија. Полицијата, извршувајќи алко-тест, утврдила дека 25-годишниот Пастор, роден во Бразилија, имал сериозни 2,32 промили алкохол во крвта. Заради тоа, тој е задржан 24 часа,. href=”https://nova.bg/news/view/2026/02/09/526587/%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D1%8A%D1%80%D0%B6%D0%B0%D1%85%D0%B0-%D1%84%D1%83%D1%82%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%88%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BB-%D0%B2-%D0%BD%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D1%8A%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%8F%D0%BD%D0%B8%D0%B5/” target=”_blank” rel=”noreferrer noopener”>Nova.

Целосното име на бразилскиот десен бек е Давид Самуел Кустодио Лима, но е познат како Пастор. Тој пристигна во ЦСКА Софија во летото 2025 година од португалскиот клуб Фаренсе, кој тогаш играше во првата лига на португалскиот фудбал.

Раководството на клубот од Софија брзо реагираше со соопштение во кое нагласуваат дека „клубот не толерира прекршување на вредностите на ‘армејците’ под никакви околности“ и дека ќе се справи со ова прашање според „внатрешните клубски прописи“.

„Сакаме да ја увериме спортската заедница дека ЦСКА веќе презема соодветни мерки против Давид Пастор“, се вели во дел од соопштението на клубот кој има најмногу титули прваци на Бугарија.

Голем дел од соопштението на ЦСКА е критика кон фудбалерот, но се чини дека нема да дојде до разделба по 19 натпревари во црвениот дрес (со четири асистенции), бидејќи крајот на соопштението гласи:

„Уверени сме дека Пастор, како и останатите играчи на ЦСКА, ќе докажат на теренот и надвор од него дека се свесни за сериозната одговорност која ја имаат кон клубот, неговите бројни навивачи и бугарското општество воопшто.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентина пак ја расплака Англија со епски пресврт и ќе ја брани титулата против Шпанија

Светскиот шампион Аргентина ќе има шанса да ја брани својата титула во финале против европ…