Дома Фудбал Мбапе влезе во жесток разговор со четвртиот судија на мечот против Валенсија

Мбапе влезе во жесток разговор со четвртиот судија на мечот против Валенсија

Килијан Мбапе повторно го привлече вниманието на фудбалската јавност, откако на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Валенсија беше забележан во напнат разговор со четвртиот судија – овојпат во тунелот што води кон соблекувалните.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите, францускиот напаѓач му се пожалил на четвртиот судија за неколку спорни судиски одлуки во текот на натпреварот, особено околу одредени дуели во кои сметал дека бил неправедно третиран.

ТВ-камерите го „уловија“ моментот кога Мбапе, видливо вознемирен, со гестикулации ја објаснуваше својата гледна точка.

Засега нема официјална реакција од Ла Лига или од судиската комисија, но инцидентот веќе предизвика бројни коментари и поделени мислења меѓу навивачите на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул подготви понуда од 60 милиони евра, навивачите бесни: „Вие не сте нормални!“

Ливерпул ова лето може да реализира уште еден голем трансфер, а според германските медиуми…