Дома Фудбал Тага во домот на Мохамед Салах – почина член на неговото семејство

Тага во домот на Мохамед Салах – почина член на неговото семејство

Дедото на фудбалската ѕвезда на Ливерпул и египетската репрезентација, Мохамед Салах, починал во Египет, објавија повеќе странски медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за мајчиниот дедо на Салах, Ахмед Абдел Азиз Ал-Бамби, кој починал во својот дом во родното село Нагриг, по здравствени проблеми.

Погребот бил извршен во присуство на најблиското семејство и жители од селото.

Поради професионалните обврски со Ливерпул, Мохамед Салах не присуствувал на погребната церемонија, но бил во постојан контакт со семејството.

Клубот и навивачите на Ливерпул преку социјалните мрежи испратија пораки со поддршка до египетскиот напаѓач во овие тешки моменти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски: Не знам дали ќе останам во Валенсија…

Македонскиот голман Столе Димитриевски заедно со Валенсија ја заврши сезоната со триумф на…