Дома Фудбал Златан Ибрахимовиќ во Белград лично ќе заврши сензационален трансфер: Во игра е ‘огромна сума’

Златан Ибрахимовиќ во Белград лично ќе заврши сензационален трансфер: Во игра е ‘огромна сума’

Златан Ибрахимовиќ ќе дојде во Белград по младиот напаѓач на Партизан Андреј Костиќ. Договорот помеѓу црно-белите и AC Милан треба да се заврши на конечната сума од осум милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Андреј Костиќ треба да стане нов играч на AC Милан. Росонерите со сите сили го посакуваат 18-годишниот црногорски напаѓач, но не успеаја да го завршат трансферот во текот на зимата.

Сепак, не се откажаа. Златан Ибрахимовиќ одлучи лично во Белград да го заврши трансферот.

Ибрахимовиќ е тој што инсистира на трансферот на Андреј Костиќ. Тој е воодушевен од можностите на младиот фудбалер и смета дека би можел да стане голема ѕвезда во иднина.

Иако не беше стандарден во првата постава, Костиќ успеа да постигне девет голови оваа сезона. Има и една асистенција во 29 настапи.

Веќе има договорени услови со Милан. Потребно е уште клубовите да се договорат околу трансферот, но тоа не треба да претставува проблем во наредниот период.

Закажани се нови преговори. Сега сè води Златан и од Белград нема да си замине без завршен трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентина пак ја расплака Англија со епски пресврт и ќе ја брани титулата против Шпанија

Светскиот шампион Аргентина ќе има шанса да ја брани својата титула во финале против европ…