Дома Фудбал Тони Крос до Саудиска Арабија: Кој ќе ве гледа, ако Кристијано замине?

Тони Крос до Саудиска Арабија: Кој ќе ве гледа, ако Кристијано замине?

Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос повторно е во центарот на јавноста поради неговото последно изјавување за влијанието на Кристијано Роналдо врз саудиската Про лига во еден периот на негово незадоволство. Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид и светски шампион со Германија предизвика дискусија за статусот на португалската ѕвезда во лигата, која изминатите години доживуваат брз раст.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крос смета дека присуството на Роналдо во Саудиска Арабија е многу повеќе од статистика – тој е столбот околу кој се гради целокупната перцепција за натпреварувањето: „Без Роналдо, никој не би ја гледал саудиската лига. Ако утре замине, тоа ќе се случи“, беше директен Крос, кој беше соиграч со голгетерот на “Бернабеу”.

Во разговор со медиумите, тој изјави дека потценувањето на значењето на Роналдо или игнорирањето на неговата улога би било бесмислено, имајќи предвид глобалната популарност што ја ужива португалскиот напаѓач. Иако во минатото Крос јасно се дистанцираше од трансфери во Саудиска Арабија, особено кога се работи за играчи во најдобрите години, тој гледа на CR7 на поинаков начин. Според него, Кристијано е играч во последните години од својата кариера, кој веќе ја изградил својата легендарна репутација преку децениите на успеси во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул подготви понуда од 60 милиони евра, навивачите бесни: „Вие не сте нормални!“

Ливерпул ова лето може да реализира уште еден голем трансфер, а според германските медиуми…