Дома Трансфер зона Јунајтед, Ливерпул и Њукасл го сакаат промашувањето на Барселона

Јунајтед, Ливерпул и Њукасл го сакаат промашувањето на Барселона

Англиските клубови Манчестер Јунајтед, Њукасл и Ливерпул покажуваат силен интерес за дефанзивецот на Ница, Жан Клер Тобидо, пренесува Фабрицио Романо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скаути на трите клубови ќе го следат настапот на Тобидо против Рен, а веќе спремаат понуда за трансфер од 45 милиони евра.

23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.

Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Се очекува на лето готово сигурно да направи трансфер во Премиер лигата, а останува да видиме во кој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…