Дома Топ вести Јунајтед го сака Дибала, можна е спектакуларна трампа со Јувентус

Јунајтед го сака Дибала, можна е спектакуларна трампа со Јувентус

Манчестер Јунајтед игра одлично под водство на Оле Гунер Солскјер и се бори за место во Лигата на шампиони, но сака на лето да донесе големи засилувања.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед сакаат за следната сезона да направат тим кој ќе се бори за титулата во Премиер лигата, па се очекува на лето на „Олд Трафорд“ да пристигнат големи засилувања.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала и ќе се обидат да го донесат на „Олд Трафорд“.

Аргентинецот оваа сезона е во сенка на Роналдо и во некколку наврати остана на клупата за резерви, а италијанските медиуми пренесуваат дека имал и конфликт со тренерот Алегри.

Наводно Јувентус е спремен да се разедели со Дибала на крајот на сезоната, но само доколку пристигне понуда од 120 милиони евра.

Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Аргентинецот на „Олд Трафорд“.

Притоа, „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ја намалат цената на Дибала и се спремни да го понудат Ромелу Лукаку плус одредена сума на пари.

Лукаку го загуби првотимскиот статус со доаѓањето на Оле Гунер Солскјер, а англиските медиуми пренесоа дека Јувентус е негов прв избор доколку реши да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…