Дома Трансфер зона Јунајтед го испрати скапоплатениот Диало во Ренџерс

Јунајтед го испрати скапоплатениот Диало во Ренџерс

Младиот талент на Манчестер Јунајтед, Амад Диало ќе се пресели на позајмица во Ренџерс до крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишниот напаѓач пристигна на „Олд Трафорд“ минатиот јануари од Аталанта за 40 милиони евра, но не успеа да се наметне во првиот тим.

И покрај сериозната сума која клубот ја плати за него, Диало оваа сезона имаше само еден повик за првиот тим.

Јунајтед одлучи дека најдобро ќе биде да го испрати на позајмица во клубот каде што ќе има поголема минутажа, а најсилен интерес за него покажа Ренџерс.

„Црвените ѓаволи“ продолжуваат да веруваат во талентот и во договорот со шкотскиот клуб не вклучиле опција за откуп на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…