Јувентус и Арсенал се силно заинтересирани за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.
22-годишниот Ндика минатата игра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан во текот на летото испрати понуда за него, но Ајнтрахт не сакаше да го пушти. Меѓутоа, неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Арсенал и Јувентус и веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.
Двата клуба веќе преговараат со неговиот агент и сакаат да го доведат Французинот без обештетување.