Дома Фудбал Италија Јувентус ја одредил цената за Дибала?

Јувентус ја одредил цената за Дибала?

Торински Јувентус очигледно одлучил да направи големи промени во текот на летото.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако утрово стигна информација дека Старата дама со сите сили се обидува да се ослободи од Кристијано Роналдо и неговата огромна плата, Газета дело Спорт пренесува дека Дибала е на продажба.

Офанзивецот веќе со години игра одлично во дресот на торинскиот великан. Сепак, договор за нова сорабока е далеку, Дибала сака премногу пари, па Јувентус одлучил дека може да замине ако стигне квалитетна понуда.

Цената веќе е поставена. Јуве ќе прифати цифра помеѓу 90 и 100 милиои евра и многу лесно може да се случи Дибала од наредната сезона да заигра на друго место.

Дибала е член на Старата дама од 2015. година. Одигра 228 натпревари и постигна 95 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…